Бајден гласаше предвремено за изборите на 8 ноември
– Претседателот на САД, Џо Бајден, кој е на половина од неговиот мандат, предвремено гласаше на среднорочните избори за Конгрес, закажани за 8 ноември.
Со Бајден беше и неговата 18-годишна внука Натали, која гласаше за првпат, јавија дел од британските медиуми.
Според анкетите, демократите би можеле да ја изгубат контролата над двата дома на Конгресот. Незадоволството на гласачите поради високата инфлација, го нарушува замавот, на што се надеваа демократите, во острата битка со републиканците околу правата на абортус.
Американскиот претседател беше дециден дека овие избори не се референдум, туку се избира меѓу две многу различни гледишта.
Тој вети дека ќе ја озакони одлуката Ро против Вејд, со што се легализира абортусот, поништена од Врховниот суд во јуни, доколку демократите успејат да го зголемат бројот на нивните претставници во Сенатот.
Ново на Сител
-

Избори во Унгарија: Трамп му вети на Орбан огромна помош за да ја развие економијата на Унгарија
-

Ерусалимското платно - порта до светата земја и Христијанството
-

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари
-

Уапсено лице од Делчево, во неговиот дом пронајдени четири различни видови на дрога
-

Велика Сабота - ден меѓу смртта и воскресението
-

Астронаутите од „Артемис II“ безбедно слетаа на Земјата по летот околу Месечината | ВИДЕО
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден
-

Преговорите меѓу САД и Иран започнуваат во Пакистан
