Бајага ќе одржат концерт на 12 септември на стадионот на АРМ
Неделата во која во Скопје треба да бидат Електрични Оргазам на 11 септември, потоа фестивалот SKOPJE CALLING (со Vini Vici, Mahmut Orhan, Djaikovski, Maurice West и Cyrillic) на 12 септември, ќе се заокружи со славенички концерт на Бајага и Инструктори на најубавата локација во градот, стадионот на АРМ, соопштува организаторот „Авалон продукција“.
На капацитет од 15.000 посетители, ќе бидат пуштени само 4.000 карти во продажба за концертот на којшто Бајага и Инструктори ќе ги свират сите свои хитови од супербогатата 35 годишна кариера, придружувани од хор и оркестар, а под диригентската палка на легедарниот диригент Војкан Борисављевиќ.
Влезниците во ограничен број ќе бидат пуштени во продажба во понеделник во 09 часот наутро онлајн на avalon.mk, Avalon Music & Ticket Store и продажните места во мрежата на Авалон низ Македонија.
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени