Џет-Сет
29. July 2015 - 8:55

„Багремите“ на Ѓорѓе Балашевиќ исечени поради „безбедносни причини“

Со одлука на локалните власти во Нови Сад, викендов преку ноќ биле исечени дрвата што познатиот српски кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ ги посадил за неговата сопруга Оливера.

- Во Нови Сад штотуку ги исекоа двете дрва во улицата „Иса Бајиќ“, што мојот татако ги посади како подарок за мојата мајка, објави на својот Фејсбук профил ќерката на Балашевиќ, Јелена.

По жестоката реакција на Балашевиќ и неговото семејство, вчера се огласи и Српската напредна партија (СНС) на премиерот Александар Вучиќ, која го има мнозинството во Градскиот совет на Нови Сад. нагласувајќи дека дрвата се исечени поради „безбедноста на луѓето и имотите“.

- Дрвата се исечни поради пукање на асфалтот и отежнато движење на слепите лица, како и самото загрозување на јавниот имот, се додава во соопштението.