Македонија
9. October 2024 - 16:41

Багерист во Мирковци пронашол експлозив

„Вчера наутро во СВР Скопје, Р.Д.(38) од с.Бразда, скопско, пријавил дека при вршење ископ со багер во с.Мирковци, скопско, пронашол експлозивна направа.

Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал експлозивната направа и констатирал дека се работи за испукано зрно од граната калибар 75 мм, кое потекнува од Втора светска војна“, информираат од МВР.