Багдад: Солзавец и пукотници врз демонстрантите
Ирачката војска денеска соопшти дека властите ги ставиле под целосна контрола немирите, откако безбедносните сили отвориле оган врз демонстрантите кои упаднале во Зелената зона во центарот на Багдад, јавува ирачката државна телевизија.
Ирачките медиуми наведуваат дека демонстрантите прво наишле на силен отпор на силите кои ја обезбедуваат претседателската канцеларија, но дел од демонстрантите успеале да се пробијат во Зелената зона..
Исто така наведоа дека демонстрантите ја нападнале и зградата на парламентот, по што ирачките безбедносни сили фрлиле солзавец и пукале во нив и тешко раниле повеќемина од нив.
Меѓу нив биле и поддржувачите на шиитскиот муслимански верски лидер Моктада ал Садр и луѓе од други групи кои бил незадоволни поради неуспехот на Владата во донесување на реформи во поглед на борбата против корупцијата и во обезбедувањето на побезбедни услови за живот на Ирачаните.
Моктада ал Садр ги поддржа демонстрантите и ја осуди употребата на сила против нив.
- Го почитувам вашиот избор и вашиот мирен спонтан револт. Проклета нека е Владата која ладнокрвно ги убива своите деца, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
-
Татко ми ме учеше на македонштина | Дамјан Стојановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 104
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
-
Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа