Багаи: Принципот „обврска за обврска“ е водечки во преговорите со САД

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, изјави дека водечкиот принцип во преговорите меѓу Иран и САД е „обврска за обврска“. Тој нагласи дека Техеран будно ќе следи како другата страна ги исполнува своите задачи и ќе ги искористи сите расположливи средства за да го гарантира нивното почитување, пренесе иранската новинска агенција ИРНА.
Багаи ова го објави денеска на платформата „Икс“, откако иранската делегација ја напушти Швајцарија, каде што ден претходно учествуваше во преговори со претставници на САД и на земјите посредници – Пакистан и Катар. Иранската делегација ја предводеше претседателот на Парламентот, Мохамад Багер Галибаф, додека американската беше предводена од потпретседателот Џеј Ди Венс.
„Делегацијата на Иран се враќа дома по завршувањето на интензивните преговори за имплементација на одредбите од меморандумот за разбирање за прекин на војната, потпишан на 18 јуни 2026 година“, истакна Багаи.
Тој појасни дека разговорите во Швајцарија, фокусирани на членовите 1, 5, 10 и 11 од меморандумот, започнале во неделата наутро покрај езерото Луцерн и траеле до раните утрински часови во понеделникот.
Според заедничкото соопштение на посредниците Катар и Пакистан, изготвено во консултации со двете преговарачки страни, веќе се воспоставени механизми за следење на почитувањето на меморандумот. Постигнат е и договор разговорите да продолжат на експертско и на техничко ниво за да се олесни ефективната примена на спогодбата за прекин на наметнатата војна.
„Согласно членот 13 од меморандумот за разбирање, преговорите за конечниот договор можат да започнат дури откако ќе отпочне и ќе се спроведе имплементацијата на членовите 1, 4, 5, 10 и 11“, напиша Багаи.
Тој додаде дека постигнатите договори во овој круг, особено за членот 1 кој се однесува на прекинот на војната и на израелските воени операции во Либан преку механизам за управување со конфликтот во кој е вклучена и либанската влада, како и членот 10 за извоз на иранска нафта и членот 11 за одмрзнување на иранските средства, ќе помогнат во исполнувањето на взаемните обврски.
Притоа, иранскиот портпарол децидно повтори дека принципот „обврска за обврска“ останува клучен за Иран, кој будно ќе внимава на чекорите на спротивната страна.
МИА
Ново на Сител
-

Фон дер Лајен по објавата на оставката на Кир: Благодарение на вас, безбедноста во Европа и Украина се зголеми
-

Кремљ: Оставката на Стармер веројатно нема да го промени непријателскиот став на Велика Британија кон Русија
-

Цената на бензините се намалува 3,5 и 4 денари, на дизелот за 7 денари
-

Топло и нестабилно време, со пороен дожд, грмежи, засилен ветер
-

РК Вардар по четири години се враќа во Лигата на шампиони
-

Мбапе за неговиот 100. настап за Франција: Ништо не е поважно од националниот тим
-

Мицкоски: Очекувам бензините да поевтинат за 2,5 до 3 денари, а дизелот за 7
-

Мицкоски: Цените на основните прехранбени производи треба да се намалат, оправдување и изговори не прифаќам, во спротивно ќе преземеме мерки
