Фудбал
3. October 2016 - 9:56

Бабунски повторно во тимот на Ц.Звезда

Младинскиот репрезентативец на Македонија Давид Бабунски по околу 400 минути пауза повторно заигра за тимот на Ц.Звезда. 

Бабунски доби шанса во последните 20-тина минути од средбата со Јавор која заврши 4-2 и тоа при резултат 3-1.
Последен пат Бабунски играше на меѓународната сцена против Сасуоло.
Ова е добар знак за селекторот Благоја Милевски пред квалификацискиот дуел со Шкотска.