Балкан
17. July 2016 - 11:38

Бабата на малечката Анѓелина неутешна: Несакам смртна казна за монструмот нека гние во затвор!

-Не сакам јас смртна казна за тој монструм, тоа е малку за нашата болка. Сакаме да гние и страда во затвор доживотно!, рече Душанка Стевановиќ, баба на тригодишната АНѓелина која ѕверски ја силуваше и ја уби 28-годишниотВладица Рајковиќ од село Вратарница кај Зајечар.

Душанка вели дека секој ден одат на гробот на Анѓелина и палат свеќи на место каде и е убиена внуката.

-Ни останува вечно да ја паметиме, зошто многу ни недостига нашата Анѓа. Мојата ќерка и јас пиеме лекови за смирување, а Данијела пие што ќе дофати, вели Душанка.