Бабата на Бред Пит се жали дека ја запоставил
Познатиот холивудски актер и продуцент Бред Пит, кој донирал милиони долари на хуманитарни здруженија, сепак „штеди“ кога е неговата 94-годишна баба Бети во прашање.
- Се оддалечи од мене уште кога се ожени со Џенифер, а од кога е со Анџелина ме посетил само еднаш. Некогаш ми испраќаше цвеќе и често зборувавме по телефон, вели за Бред Пит (52) неговата баба Бети Расел.
мајката на таткото на Пит, веќе осум години живее во дом за стари лица во родниот град на Пит во Оклахома. Инспеторите веќе неколку пати препорачаа затворање на овој дом, бидејќи е „под секаков стандард“. Иако институцијата е лоша, Бети вели дека таму е среќна. Има сопствена соба , а во посета редовно и доаѓаат внуците кои живеат во близина. сепак и недостасува обожаваниот внук Бред, за кој велат дека сосема заборавила на својата баба.
- Јасно ми е дека можеби Бред не дава пари, иако Бети заслужува подобро од ова. Но откако засноваше свое семејство, целосно заборави на неговата, некогаш, обожавана баба. Тоа е некако тажно, вели подалечен роднина на Бред Пит.
Анџелина Џоли (41) наводно многу се срами од родителите на Бред, кои за разлика од неа, се многу конзервативни. Тие и јавно соопштија дека ќе гласаат за Доналд Трамп, што ги вџашило Бред и Анџелина.
Ново на Сител
-
Возило излетало од патот Прилеп - Скопје кај кавадаречко Раец
-
Гаши за Сител: Стана традиција Албанец да е претседател на Собрание
-
На 30 јуни непосредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ
-
Бендевска: Преговорите меѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ се во крајна финална фаза
-
Верижен судир кај Долно Косоврасти, повредено лице пренесено во болницата „Свети Еразмо“
-
Сиљановска Давкова: Преспанскиот договор е правен акт и реалност, ќе го почитувам
-
Мицкоски на средба со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“
-
Во прекин сообраќајот на патот Весилево - с.Градошорци поради сообраќајка