Баба со лопата утепа 80 змии: Отидов да садам компири, кога ги видов ми се стемни
Сагибат Исламагодомедова (60) од Русија со лопата утепа над 80 змии кои ги пронашла во својот двор. Имено, жената сакала да посади компири во својата градина кога ги здогледала многуте рептили.
Жената била многу храбра, па решила да се пресмета со овие животи, и во тоа била многу успешна.
-Во почетокот видов само десетина змии, па ги убив. меѓутоа по некое време ги имаше се повеќе и повеќе, вели таа.
Нејзниот подвиг стигна во јавноста, па жената доби многу пофалби на интернет. Исто така некои сметаа дека треба да добие „ловџиски трофеј“ поради толку убиени змии.
– Тие не се закана за луѓето, добри се за околината и јадат глодари - рекоа за медиумите локални еколози кои планираат да спроведат некој вид на обука за да се спречи непотребното убивање на безопасните змии.
Ново на Сител
-
БиХ: Дете пронајдено живо под плоча тешка два тона
-
Тепачка во дискотека во Штип - Осум луѓе побарале здравствена помош
-
Крушево: Жена возејќи „ауди“ удри во паркирано возило
-
Во Тунис денеска се избира претседател, со еден претседателски кандидат во затвор
-
Кавадарчанка пријавила напад врз малолетниот син во угостителски објект со стаклени и други предмети
-
Во израелски напад врз џамија и училиште во Газа загинаа 24 лица, а 93 се ранети
-
Петнаесетгодишно момче избодено 50 пати со нож и живо запалено во Марсеј
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен – Охрид, кај планинскиот премин Буково