Баба на возраст од 109 години со совет за долговечност
Џеси Галан (109), која никогаш не се омажила, го отрки нејзиниот рецепт за долговечност.
Најстарата жителка на Шкотска, баба која има полни 109 години, со одлично здравје и меморија, ја откри тајната на нејзината долговечност:
- Јадете секое утро топла овесна каша и избегнувајте мажи.
Џеси Галан, која никогаш не се омажила, родена е во мала двособна куќа на фарма каде живеела со нејзините пет сестри и брат. Тие спиеле на сламени душеци, јави „Дејли Мејл“.
Џеси изјави за весникот дека нејзината „тајна за долг живот се крие во избегнување мажи. Тие прават дополнителни проблеми кои не ви требаат и ви носат повеќе проблеми отколку што вредат. Исто така, таа напомена дека тајната е во тоа што многу се движи, секое утро јаде чинија топол овес и што никогаш не се омажила.
Иако е најстара жителка во Шкотска, Џеси не е најстара во светот. Таа чест и припаѓа на Јапонката, Мисао Окава која во март 2014 година го прослави 116-тиот роденден.
- Секогаш многу работев и служев и ретко земав годишен одмор. Заминав од дома на 13 години и работев како млекарка. Секогаш имав среќа да работам со добри луѓе. Неверојатно е да се види колку светот сега е целосно поинаков од оној во кој јас растев.
- Водев сметка многу да вежбам, секое утро да изедам чинија топол овес и никогаш да не се омажам, заклучи оваа 109 -годишна бабичка.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-
САД ги нападнаа трите клучни нуклеарни објекти на Иран
-
И покрај силната дипломатска активност на Софија Мицкоски е убеден дека извештајот на Вајц ќе добие поддршка
-
СДСМ: „Македонија понижена“ – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ
-
Вработените ќе паркираат на „Лимак“ за да се ослободат повеќе паркинг места на клинички
-
Недостигаат анестезиолози и медицински сестри
-
Пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост - Богданци од 4,8 км
-
Во детското одмаралиште „Малешево“ две децении нема деца