Баба (50) на 5 внуци ослабела 30 килограми: Не вежбала ништо, го јадела само ова без да се лакоми

Откако видела фотографија на која биле четири генерации од нејзиното семејство, Ана Рејес (50), баба на петмина внуци, изгубила 31,5 килограми, за само три месеци и тоа без минутка вежбање, следејќи едноставен план на исхрана.
Пред да ослаби многу лошо мислела за себе, била во депресија и немала самодоверба.
-Немав никаков социјален живот, никаде не излегував, немав облека која ми одговара, се на се, се срамев од својот изглед, рече Ана.
Мајката на два деца, не само што го трансформирала своето тело, туки и својот живот благодарение на промената која ја направила во исхраната, работејќи на себе и со чиста одлучност да направи промени во животот на се што не и одговара.
Се почнало кога 50-годишната Рејес ја откри „123диетата“, која се базира на здрав план на исхрана. Кога еднаш почнала со планот, останала истрајна до крајот, не мамејќи никогаш.
-Кога почнав со диетата бев депресивна, а сега се чувствувам фантастично. Како што велат моите внуци, имам 50 и фантастична сум, рече Ана.
-Многу луѓе веруваат дека да се биде на диета значи дека воопшто не треба да се јаде некоја храна, но тоа не е случај со диетата на која бев. Во текот на целиот процес се држев до овошјето кое го јадев за појадок, како јаболка и јагоди, а со јадев обичен јогурт. Ручекот се состои од салата со протеини и зеленчук, а вечерите се базираат на месо и риба, објасни Ана и откри дека ниту еднаш не ја прекршила диетата и не мамела додека ја држела.

Ново на Сител
-

Кривична за двајца кичевчани, пробале да убијат 39-годишен сограѓанин
-

Одземен сеф со пари откако насилно било влезено во финансиско друштво во Центар
-

Мицкоски: Граѓаните го почитуваат „Безбеден град“, помалку сообраќајќи и побезбеден сообраќај
-

Андоновски: Реална дигитализација - граѓаните ќе ги добијат услугите брзо, едноставно и електронски
-

Санчез: Евентуална американска инвазија на Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на земјата“
-

Тракторист починал на лице место откако паднал во речно корито
-

Лишени од слобода две лица од Марена, во „мерцедес“ носеле огревни дрва без документи
-

Уапсен гостиварчанец, возел со 3,05 промили алкохол во крвта
