Азиските држави сакаат азсилување на регионалната соработка
Засилување на партнерството меѓу државите од азискиот регион беше главна тема на денешната средба на врвот на организацијата Дијалог за соработка во Азија (ДСА) во Банкок.
Тајландскиот премиер Прајут Чан-оча предложи формирање единствена азиска азаедница.
– Заедно можеме да ја претвориме Азија во континент на инклузивен и одржлив развој, изјави тој.
Идејата за засилување на регионалната интеграција беше поддржана и од малезискиот премиер Наџиб Разак.
– Вемето на империите помина одамна. Народите од Азија бараат нивната култура, закони и суверенитет да бидат почитувани од сите, истакна тој.
Иранскиот премиер Хасан Рохани изјави дека државата е подготвена да гарантира енергетска сигурност за азискиот регион.
Организацијата Дијалог за соработка во Азија е формирана по иницијатива на Тајланд и во неа членки се над 30 држави вклучително и Русија.
Ново на Сител
-
Пратениците денеска во надзор во Агенцијата за разузнавање
-
Дали дождот помогна во гаснење на пожарот во депонијата Дрисла?
-
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни обвинувања за депониите кои го трујат Скопје
-
Од 12-ти октомври почнува воведување на системот за влез и излез од ЕУ, ќе важи и за македонските граѓани
-
Во Кочани над 50 наставници без договор за работа, учениците без настава
-
Недостига стручен кадар во земјава
-
Преглед на вестите од светот
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ