Азиските берзи пораснаа откако Трамп најави дека ќе ги коригира царините за увоз на автомобили

На азиските берзи денеска цените на акциите пораснаа бидејќи инвеститорите беа охрабрени од пораката на американскиот претседател Доналд Трамп дека може да ги коригира царините за увоз на автомобили.
Азиско-пацифичкиот индекс на акциите MSCI во 7 часот порасна за 0,4 отсто, зајакнувајќи втор ден по ред. Утрово јапонскиот индекс Никеи зајакна за 1,1 отсто, додека цените на акциите во Хонг Конг, Австралија и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,2 и 1 отсто. Во Шангај, пак, тие благо паднаа. Меѓу најголемите добитници утрово беа акциите на производителите на автомобили, бидејќи Трамп вчера рече дека може да ги прилагоди царините од 25 отсто за увоз на автомобили и автоделови од Канада, Мексико и други делови од светот.
Пазарите се поддржани и од вчерашниот пораст на берзанските индекси на Волстрит, откако Трамп привремено ги ослободи паметните телефони, компјутерите и некои други технолошки производи од царини за увоз од Кина. Индексот Доу Џоунс зајакна 0,78 отсто, додека СиП 500 порасна за 0,79 отсто, а Насдак индексот за 0,64 отсто.
Сепак, неизвесноста околу тарифите ги држи инвеститорите претпазливи. Дотолку повеќе што продолжува царинската војна меѓу САД и Кина, што ќе им наштети на двете економии. Прашање е само до кој степен. „Периодот на несигурност продолжува. Во ова опкружување, потрошувачите, извршните директори и инвеститорите тешко можат да планираат долгорочно“, вели Џед Елербрук, портфолио менаџер во Argent Capital Advisors.
На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо падна. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест главни светски валути, утринава се движи околу 99,65 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 99,70 поени. Курсот на американската валута во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 143,00 на 143,05 јени.
И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото падна на 1,1355 долари, додека вчера во ова време беше 1,1375 долари. Цените на нафтата, пак, благо пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава порасна за 0,31 отсто, на 65,10 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,39 отсто, на 61,75 долари.
Ново на Сител
-

Захарова: Ако нѐ нападне НАТО, Русија ќе одговори со сите расположливи средства
-

Мбапе по својот 400. гол: Треба да постигнам уште толку
-

Меси претпочита победа на Светското првенство пред уште една Златна топка
-

АМСМ: Од денеска законска обврска за зимска опрема за возилата
-

Стабилно време за викендот, од вторник променливо на места со обилни врнежи
-

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2026 е развоен, реален и одговорен, а граѓаните да бидат спокојни – државата е финансиски стабилна
-

Цената на преспанското јаболко со Ордан Чукалиев | Неформално | Sitel Podcast 124
-

Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Сиљановска-Давкова
