Aзир Алиу предлог на „ВРЕДИ“ за нов министер за здравство
Поранешниот министер за информатичко општество, Азир Алиу е предлогот за нов министер за здравство. Коалицијата ВРЕДИ вечерва објави дека Алиу ќе го понуди како кадар за испразнетото министерско место во здравство.
Тој доаѓа од фракцијата во Алијанса за Албанците на актуелниот министер за добро управување, Арбен Фетаи кој одлучи да го напушти Таравари. Предлогот за нов министер за здравство, наскоро ќе биде испратен и до премиерот, велат од ВРЕДИ.
Откако Таравари најави дека на локалните избори е можна соработка и со ВРЕДИ, неговите доскорешни сопартијци, вечерва од централното собрание на коалицијата, ја отфрлија таа можност. Поддршка ќе барале само од партиите во владејачката коалиција.
Именувањето на Алиу доаѓа откако тој и Арбен Фетаи како доскорешни најблиски соработници на Таравари, решија да не го следат неговиот чекор за одење во опозиција и соработка со ДУИ.
Таравари по нивната одлука рече дека страдаат од анксиозност и грижа на совест и најави убедлива победа на изборите во октомври.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар