Македонија
30. January 2023 - 19:59

Азески со 5 прашања ја честиташе годишницата на владиниот кабинет

Со 5 прашања Азески ја честита годишнината на Владата. Претседателот на Комората која ги застапува интересите на најголемите компании, во колумна пишува дека стартот со новата Влада им почна со спротивставени ставови околу недела неработен ден. Бизнисот го оспори законот пред Уставен, кој по една година им одговори  дека иницијативата не се прифаќа затоа што здравјето на луѓето било најважно. Бидејќи постојат еден куп исклучоци , Азески прашува - зарем не и пречи на Владата во градењето правна  држава  да се брани со вакви нелогични квалификации?

Бизнисот се согласува со владата дека работна сила мора да се увезе. Но прашува – што е со тие кои со години студираа на најдобрите универзитети на државна сметка и сега не се враќаат да и помогнат на државата. За што се потрошени  2,5 милони евра годишно или скоро 25 милиони евра за 10 години.Од Стопанската Комора  барат одговорност и  за доцнењето на инфраструктурните проекти, но и за даночниот календар, кој требаше да значи  предвидливост за компаниите. Она што е договорено треба да се испочитува, пишува Азески, бидејќи кај нас работат  200 странски компнаии за кои ова  е нормална работа.

Азески потсетува и на со години поднесени иницијативи за промена на закони, кои никако да се донесат.

Премирот Ковачевски се согласува со бизнисот.Но одговори само за инфарструктурните проекти што се реазлиизрале со новата влада

Бизнисот има право да го каже тоа. Јас сум поминал 22 години во приватниот сектор, сум бил дел од Стопанската комора и сум личен пријател со претседателите на сите комори. Во државата беа почнати неколку клучни инфраструктурни проекти пред десетина години кои не се реализираа зашто беа лошо проектирани. , изјави Димиатр Ковачевски, премиер

Азески потсетува дека бизнисот мора да биде партнер на  владата и само со консензус заедно можат да најдат излез од кризите и да постигнат  позитивни економски резултати.