Бизнис
8. јуни 2023 - 16:43

Азески бара строга контрола за трошењето на народните пари за да останат пари за поддршка на стопанството

Да се укинат Управните одбори, да се воведат посебни таблички за службените автомобили, кои и за викенд се злоупотребуваат, да се намали јавната администрација и бројот на институции, кои во моментов брои над 1.300, бара првиот човек на Стопанската Комора, Азески. На тој начин државата ќе заштеди  пари, со кои ќе се помага бизнисот, а со тоа и стандардот кај ѓраѓаните.  

Ќе се воведат посебни таблички за службените возила кои во сабота и недела ви се наоѓаат по нивите, по швалерај, по не знам каде, по недозволиви активности, вели првиот човек на Стопанската Комора, Бранко Азески.

 Азески бара лојаност и одговорност од функционерите.  Да излезат од комфорната зона и да водат економска, а не политичка дипломатија. Со популистичките мерки се нанесуваат оргомни штети врз бизнисот

Тонско Со мешање на работите ни се уништува бзинисот. Ајде ќе воведеме недела неработен ден, ајде ќе ги укинеме маржите, па ќе ги ограничиме. Треба да се укинат толку многу неработни денови. Бизнисот е единствниот фактор кој може да ја разбуди оваа држава да искочи од оваа комфорна зона.  Си се трга сам накоја хациенда, базенче, куче, па не ти треба Бранко да се видиш, не ти треба Трајко и на крај кога ќе ти требаат, ги нема. Државата во одделни сектори се осеќа како во конфорна зона и е тргната од проблемите дури и да им кажеш дека ќе падне атомска бомба, ќе ви одговорат дека и во Нагасако падна и во Хирошима, па никому нипто,м додава Азески

Првиот човек на Комората со порака и до европските лидери. Ако сакаат да ни помогнат- нека ни помогнат, а не  да не понижуваат. Ако нема поддршка, тогаш Азески вели дека треба да си бараме други опции.