Автомобил влетал во група луѓе по семејна расправија
Најмалку две лица се повредени кога автомобил влетал во група луѓе пред еден бар во шпанскиот град Хуелва што предизвика страв од тероризам по нападите во Барселона и Камбрилс, јавија шпанските медиуми.
Полицијата сепак соопшти дека причината за нападот најверојатно е семејна расправија.
Двајца мажи на возраст од 18 и 31 година се повредени во инцидентот за кој има видео снимка и на кој се гледа како околу црн автомобил на средина на улица се собрани група луѓе кои што фрлаат столови и други делови од мебел. Веднаш потоа возачот, кој подоцна е уапсен од полицијата, излегува од автомобилот и бега.
- Граѓаните претрпеа напади на паника, затоа што виделе како автомобил влегува меѓу луѓе, изјави во врска со нападот, советникот за безбедност на граѓаните во Хуелва, Енрике Гавин.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Многу деца во Македонија со вишок на килограми – најдебелиот пациент во земјата има 288 килограми
-
Хаос во српското Собрание - повредени неколку пратеници
-
Паузирана американската воена помош за Украина
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта
-
Османи: Албанците нема да дозволат да се одржат локални избори
-
До локалните избори половина година – партиите веќе на терен
-
Работодавачите не прифаќаат минимална плата од 30 илјади денари