-->
-->
Автомобил влета во толпа луѓе во германскиот град Мајнхајм, најмалку едно лице загина
-->

Автомобил влета во толпа луѓе во западниот германски град Манхајм, објави денеска весникот Манхајмер Морген, повикувајќи се на очевидци.
Најмалку едно лице загинало, јави ДВ, повикувајќи се на локални медиуми. Билд пишува дека црн теренец влетал „од парадата кон водената кула во толпата луѓе“.
Се претпоставува дека има неколку тешко повредени лица, а итната помош е на терен. Локалната полиција соопшти дека е во тек полициска операција во центарот на градот, но не даде повеќе детали.
Засега нема информации за можниот сторител или за позадината на инцидентот. Најмалку едно лице загинало, јави ДВ, повикувајќи се на локалните медиуми.
Инцидентот се случи во време кога луѓето се собираат во градовите низ Германија на карневалски паради.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
