Македонија
4. April 2022 - 19:13

Автомобил се судри со возило на Брзата помош кај Соборен храм | ФОТО

Денеска на крстосницата меѓу „Партизански одреди“ и „Св. Климент Охридски“ се судри автомобил со Брза помош.

Во 16.40 часот се случил судирот кај Соборната црква, по што пристигнало друго возило на Брза помош да го земе пациентот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот од страна на полицијата.