-->
-->
Автомобил се преврте во Бутел, пет лица повредени меѓу нив и двајца малолетници
-->
Вчера во 22.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул.„Христијан Тодоровски-Карпош“ со ул.„Цетинска“ во Скопје, патничко возило „ауди а4“ со скопски таблички, управувано од 68-годишниот И.И. од с.Тисовица, скопско, се превртело на коловозот.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките Ф.И.(64) од с.Тисовица, скопско и Н.Ш.(28) од с.Елово, скопско, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште двајца малолетни сопатници, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје“, информираа од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поставување камен темелник на нова спортска сала во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“
-
Охридско лето денес слави 65 години роденден
-
Зголемен интересот кај штипјани за имунизација со ХПВ вакцина
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна