Македонија
8. January 2020 - 10:26

Автомобил излета кај Куманово, возачот повреден

Вчера во 16.10 часот на регионалниот пат Куманово - Скопје, на влез во с.Умин Дол, кумановско, патничко возило „пежо“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од П.Г.(61) од Куманово, излетало надвор од коловозот.

Во незгодата со повреди се здобил возачот, по што бил пренесен во Општата болница во Куманово за укажување на лекарска помош. 

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.