-->
-->
Автоматски пушки и муниција пронајдени во селото Грешница, поведена истрага
-->

Основното јавно обвинителство Кичево донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Грешница за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи.
Во простории во сопственост на друго лице, а кои ги користел осомничениот, полицијата извршила претрес и пронашла поголемо количество оружје, делови и компоненти од огнено оружје и муниција – три автоматски пушки, 188 куршуми со калибар за автоматска пушка, една ловна пушка и 10 ловни патрони, како и една пушка – двоцевка.
Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да го повтори делото, како и можност да влијае врз сведоците во постапката, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кичево достави предлог за определување мерка притвор. Предлогот е прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ова е победа на вербата, надежта, копнежот за иднина
-

Тони Тоневски е новиот градоначалник на Пробиштип
-

Коалиција ВРЕДИ: Со освоените општини станавме втора политичка сила во државата
-

Филипче: Овие избори се патоказ за иднината на СДСМ, не размислувам за оставка
-

Орце Ѓорѓиевски е нов градоначалник на Скопје
-

Пораз за Дехари и ДУИ во Кичево, Александар Јовановски прогласи голема победа
-

Максим Димитриевски слави во Куманово | ВИДЕО
-

Лукровски прогласи победа: Денеска не победувам јас, победува Карпош
