Македонија
28. August 2024 - 8:31

Автобусите на ЈСП денеска ќе возат по неделен возен ред

ЈСП Скопје известува дека по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), денеска автобусите ќе возат по неделен возен ред. 

Исклучок ќе бидат линиите: 11, 11а, 18а, 32, 47а, 51, 55, 55в, 56, 56а, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе работат по саботен возен ред.

На ден 28 август, дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на: Транспортен центар, Ѓорче Петров и Зелен пазар.

- Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10-20 часот, при што од 19-19:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу, известуваат од ЈСП Скопје.