Свет
3. November 2020 - 11:03

Австрискиот МВР потврди дека напаѓачот во Виена потекнувал од Македонија

Властите на Австрија ја потврдија информацијата дека напаѓачот кој полицијата го застрела имал 20 години и бил со македонско потекло.

Тој бил државјанин и на Македонија и на Австрија и имал криминално досие во врска со терористичка активност.

Нехамер рече дека човекот бил вооружен со автоматска пушка, пиштол и мачета. Тој носел и лажен појас со експлозиви.

Напаѓачот беше застрелан од полицијата пред црквата Сент Руперт. Тој носел автоматска пушка, пиштоли и муниција. На неговото тело бил пронајден и елек со експлозив. Подоцна полицијата на Твитер соопшти дека елекот со експлозив е лажен.