Австрискиот канцелар разнесуваше пици

Австрискиот канцелар Кристијан Керн цела вечер разнасуваше пици во Виена, за да „биде поблизок до избирачите и да ги дознае нивните проблеми“, што ги засили шпекулациите дека неговата Социјалдемократска партија на Австрија се подготвува за предвремени избори, јави ДПА.
Керн облече црвена униформа и им достави пици на неколку семејства, со кои потоа разговарал за политички прашања што го засегаат обичниот народ. Секако, сето тоа беше снимено, а видеото објавено на официјалната Фејсбук страница на канцеларот и за еден час собра речиси 70 000 прегледи.
Овој потег предизвика позитивни коментари, но имаше и такви кои тоа го нарекоа „пица популизам".
Австрија неофицијално е во предизборна кампања, иако редовните парламентарни избори се закажани дури за есента 2018 година.
Социјалдемократите и нивните коалициски партнери - десноцентристичката Австриска народна партија одрекуваат дека Владата планира предвремени избори.
Ако изборите во Австрија се одржат наесен наредната година, тие ќе се совпаднат со австриското претседавање со Европската Унија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
