Австриски тур-оператори и новинари идниот месец во посета на Охрид
Туристичката понуда на Охрид и неговото културно и историско наследство на 22 април ќе биде презентирано пред тур-оператори и новинари од специјализираните туристички магазини на Австрија. Ова е прецизицирано на средбите што градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески ги оствари во рамки на работната посета на Австрија.
Предвидено е во мај оваа година Охрид да го посети и група влијателни граѓани на Виена, предводени од генералниот конзул на Авастрија во Скопје, Сузан Родлер.
Бакрачески вчера во Виена, како што соопшти неговиот Кабинет, остварил и средба со група угледни личности на главниот град Виена, организирана од конзулот Родлер и нашата амбасадорка во Виена, Василка Попоска – Тренеска. Притоа пред банкари, адвокати, архитекти, лекари, политичари, бизнисмени и други видни луѓе од високите кругови на Виена, Бакрачески го презентирал охридското културно и природно наследство како и на туристичката понуда на градот. Биле претставени и потенцијалите на Охрид како дестинација за живеење што би била интересна за граѓаните на Австрија во одреден период годината.
Ново на Сител
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати