Австриски компании заинтересирани за инвестиции во Македонија
Две австриски компании се заинтересирани за конкретни инвестиции во Македонија. Едната е од областа на осигурувањето, а другата планира отворање Регионален центар за услуги.
Според Герхард Шлатл од Трговското одделение на Австриската амбасада во Скопје, се уште е рано да се соопштат детали околу инвестициите, но извесно е дека компаниите нема да вложат во слободните економски зони.
- И покрај актуелната политичка состојба во Македонија, австриските компании се заинтересирани за економска соработка и изнаоѓање деловни партнери тука. Доказ за тоа е претстојниот бизнис форум што ќе се одржи идната недела во Скопје, на кој доаѓа досега најбројна австриска деловна делегација, составена од претставници на девет фирми, истакна Шлатл на прес-конференција во Стопанската комора на Македонија.
Според Комората, австриско-македонската трговска соработка бележи благ пад со оглед на негативниот биланс од 17 милиони долари во првите три месеци од годинава. Австрија, од 14-ти трговски партнер на Македонија лани, сега е на 16. место.
- Токму организирањето директни бизнис средби меѓу македонските и австриските потенцијални деловни партнери е во насока на подобрување на соработката. Прехранбената индустрија, животната средина, инфраструктурата, земјоделството, текстилната, автомобилската индустрија и туризмот се само некои од секторите кои имаат голем потенцијал за интензивирање на соработката, нагласи Јадранка Аризанковска од Стопанската комора.
Вкупната трговска размена меѓу Македонија и Австрија во првите три месеци од 2016 година е 39,86 милиони долари што претставува раст од 10 отсто споредено со истиот период во 2015. Извозот е 11 милиони долари или 51 отсто повеќе, додека увозното салдо изнесува 28 милиони долари што е намалување за 0,6 проценти. Македонските компании во Австрија најмногу извезуваат текстил и производи од металната индустрија, а увезуваат месо и други прехранбени производи, како и производи од фармацевтската индустрија.
На претстојниот австриско-македонски бизнис форум закажан за 7 јуни ќе учествуваат компании од различни области: преработка на дрво, производство на алати, машини и опрема за технички профили, производство на теренски возила, компании кои се занимаваат со рехабилитација на болни лица и фирми кои произведуваат специјализирана козметика.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o