-->
-->
Австриската авиокомпанија АУА ги прекинува летовите за Киев и Одеса
-->
– Австриската авиокомпанија АУА соопшти дека од утре ќе ги прекине летовите кон Киев и Одеса, а одлуката ќе важи до крајот на февруари.
Летовите до Лавов ќе продолжат и во моментов АУА лета на таа линија три пати неделно.
АУА нагласува дека безбедноста на патниците и вработените е приоритет и оти состојбата во Украина редовно се следи.
И германската авиокомпанија Луфтханза вчера соопшти дека од утре ќе ги прекине летовите до и од украинските градови Киев и Одеса.
Компанијата ќе ги изврши последните летови до тие градови во текот на викендот пред да ги прекине од понеделник до крајот на месецот.
Луфтханза ќе продолжи да лета до Лавов, град во западна Украина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
