Австриска експертска помош за развој на македонското шумарство
Модерно менаџирање, одржливо управување и еколошка заштита на шумите, ќе бидат првите проекти за развој на шумарството во Македонија што ќе ги спроведе ЈП „Македонски шуми“ со експертска помош од Австрија.
Како што беше речено денеска на прес-конференција, во рамки на соработката е предвидено и изготвување стратегија за користење на шумската биомаса како обновлив извор на енергија.
Австрискиот метод за управување со шумарството е меѓународно познат, а стручните тимови од Австрија досега соработувале со стотици експерти од други земји, Јапонија, Кина, Кореа, Кавказ,...
- Македонија е речиси 50 отсто покриена со шуми и тука гледаме огромен потенцијал за соработка. За нас шумите се многу важен дел од стопанството, животната средина и општеството, генерално. Оттука, имаме развиено посебен пристап кој опфаќа три клучни сегменти, економски, еколошки и менаџирање/управување, нагласи директорот на Секторот за шумска политика и информации од Федералното министерство за земјоделство на Австрија Ингвалд Гешвалд.
Секогаш, објасни Гешвалд, се обидуваме да оствариме економски бенефит од шумите, но воедно и да ја заштитиме средината, односно да креираме природа поволна за сите и сето тоа да го интегрираме.
- Австрија извезува дрво во цел свет, главно полупроизводи, и од тоа годишно реализира околу четири милијарди евра. Наспроти ова, постојано водиме сметка за заштита на шумите од ерозија, лавини,... Исто така, шумарството е една од носечките гранки за развој на туризмот со оглед дека голем дел од повеќето стотици гости, доаѓаат да уживаат во природните убавини на Австрија, рече Гешвалд.
Според директорот на ЈП „Македонски шуми“ Жарко Караџоски, Македонија вреди да се обиде да го имплементира австриското искуство. - Ниту едно исксутво не е лошо, особено ако е од земја која е една од најдобрите во Европа во делот на шумарството. Особено радува фактот што експертите од Австрија се подготвени да ни помогнат за да дојдеме до што повисоки европски стандарди во шумарството, истакна Караџоски.
Одговорајќи на новинарски прашања, директорот потенцира дека ЈП „Македонски шуми“ последниве години бележи континуиран напредок на секое поле.
- „Македонски шуми“ до 2008 година бележи континуирано загуба и е неликвидна, се одржува на некој начин вештачки. Од 2008 до средината на 2013 година покажува добивка и во исто време ги исплати сите долгови, 30 милиони евра ДДВ, 380 милиони денари обврски за пензиско и инвалидско осигурување, како и разни други обврски кон добавувачи. Притоа, ниту едно лице не е отпуштено од работи, односно претпријатието остана со бројка од скоро 2.500 вработени, посочи Караџоски.
Во 2013 година, додаде, структурните реформи кои не беа спроведени и посебно нелојалната конкуренција се одразија врз работата на „Македонски шуми“.
- Интересот за купување дрво од нашето претпријатие беше многу мал, а беше голем на сите други, останати пазари во Македонија. Со структурните реформи и законските измени, ситуацијата драстично се смени. Во 2014 година ја завршивме годината со 130 милиони денари загуба, а 2015 година со 135 милиони добивка, рекордно производство и рекордна понуда. Сите граѓани ги снабдивме и тука нема дилема. Годинава, пак, производство е 95 отсто реализирано според планот, продажбата е над 100 проценти зголемена,..., предочи директорот.
Според барањата за купување дрво, оваа година, заклучно со 15-ти февруари, ланските количини за овој период се надминати за околу 10 отсто. Новина е, иформира Караџоски, тоа што во секој договор за купување дрво, вклучени се рок и начин на уплата, како и рок и начин на испорака. - За секое лице со кое склучуваме договор, преземаме обврска кога да испорачаме. Ако тоа не го испочтиуваме, предвидени се казни, подвлече директорот.
Развојот на македонското шумарство со австриска стручна помош е дел од Акцискиот план за соработка меѓу двете земји што на 12-ти овој месец го потпишаа министрите за надворешни реботи Никола Попоски и Себастијан Курц.
Ново на Сител
-
Донација од ЕУ и УНДП за граничната и криминалистичката полиција
-
Уапсен 43-годишен крадец на гулаби во Гостивар
-
Филипче до Oбвинителството доставил извештаи за работата на Онкологија, тврди дека додека бил министер имало лекови за пациентите
-
Магла во Битола и Прилеп, видливост од 100 до 150 метри
-
Данела Арсовска: Бандата која ги труе скопјани и претепа инспектори на Град Скопје се уште е на слобода | ФОТО
-
Замина легендата на македонската рок-сцена: Почина Константин Коце Икономов
-
Деновиве релативно топло, во среда повремен дожд
-
Во МНР одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот