Австрија предлага ограничување на рокот на бегалскиот статус
Австриските власти може до крајот на годината да воведат бегалски статус со ограничен рок за мигратите, кои доаѓаат од Блискиот Исток, изјави синоќа по владината седница австрискиот вицеканцелар Рајнхолд Митерленер.
Тој истакна дека коалцискиот партнер на неговата Австриска народна партија, Социјалдемократска партија на Австрија, веќе почнала да го разгледува нацрт-законот.
Вицеканцеларот изрази мислење дека документот може да биде доставен во Парламентот уште овој месец и да стапи во сила на 1 декември.
Кон средината на септември, кога Австрија беше погодена од најсилниот бран од сириски бегалци, со ваков предог излезе и австрискиот министер за внатрешни работи Јохана Микел Лајтнер.
Таа изјави дека рокот на времениот статус може да биде поврзан со завршувањето на војната и стабилизирање на ситуацијата во Сирија.
Социјалдемократите исто така изразија подготвеност да ги поддржат таквите законски измени.
Ново на Сител
-
Анастрозол и летрозол за онколошки пациенти од понеделник во аптека со рецепт
-
По изгласаната недоверба, власта очекува оставка од Коцевски
-
Нема договор за раст на минималната плата на 500 евра
-
Парното со иста цена, водата со стари проблеми – РКЕ подготвува законски решенија
-
Чесите од воздух, Словенците од земја – стигна помошта од странство
-
Меморијален парк во чест на загинатите во модуларната болница
-
Висар Ганиу најави тужби за Данела Арсовска – Изет Меџити не кажа во која општина живее
-
Преглед на вестите од светот