Австрија нарачала 700 контејнери за бегалците
Австриските власти, соочени со постојан бран имигранти, преземаат дополнителни мерки за сместување на бегалците и по завршувањето на летото, па за таа цел нарачале околу 700 контејнери.
До пред извесно време австриските власти не сакаа да набавуваат контејнери за сместување на бегалците, сметајќи дека овој проблем брзо ќе биде решен, па затоа прибегнуваа кон солуцијата на шаторско сместување, кое не е можно во текот на ладните месеци.
Откако во Виена увиделе дека бранот мигранти ќе биде продолжен и по летото, Министерството за внатрешни работи на Австрија, како и многу други европски земји претходно, нарачало контејнери за нивно сместување.
Австрија кај фирмата „Контаинеџ“ нарача околу 700 контејнери, тврди виенскиот неделник „Профил“.
Од Министерството за неделникот е потврдена нарачката, но не е потврдено каде ќе бидат испорачани бараните контејнери.
Ново на Сител
-
Секоја година се намалува бројот на првачиња во општините од истокот
-
Доколку продолжи деградацијата на езерото ќе исчезнат ендемичните видови
-
Преглед на вестите од светот
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани