-->
-->
Австрија ќе и ја довери на Словачка грижата за 500 мигранти
-->
Австриската Влада ќе и ја довери на Словачка грижата за засолнување на 500 мигранти, кои поднеле барање за азил во Австрија согласно вчерашниот меѓусебен договор.
Со договорот се предвидува Словачка да ги преземе трошоците за згрижување и храна на мигрантите, а Австрија ќе ги преземе трошоците за персонал. Словачкиот министер за внатрешни работи Роберт Калињак изјави со овој потег Братислава сака да и се оддолжи на Австрија за прифаќањето на бегалците за време на Железната завеса и за поддршката кон Словачка за нејзино членство во ЕУ и Шенген зоната.
Австрија очекува оваа година да пристигнат околу 70.000 нови мигранти, чиј број минатата година изнесуваше 28.000 лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дурмиши: И владината кошница ќе брои 4 члено семејство и ќе биде пореална од онаа на ССМ
-
Признание за Самарџиев
-
Преглед на вестите од светот
-
Гаши: Нема проблеми во владината коалиција
-
Левица поднесе интерпелација за Коцевски
-
Прес конференција Европски фронт
-
Прес конференција земјоделство
-
Прес конференција мин. економија