Австрија ги отвори границите за 31 земја

Австрија од плноќ ги отвори своите граници односно го укина задолжителниот карантин и ПЦР тестот за државјаните на земјите членки на Европската унија, Европската економска заедница и ЕФТА, освен за Велика Британија, Шведска, Шпанија и Португалија.
Новото олеснување на мерките на границите на Австрија не ги вклучува земјите од Западен Балкан, за чии граѓани сè уште важи задолжителниот карантин по враќањето, односно влегувањето во Австрија.
Австрија ги отвори своите граници кон седум соседни земји претходно овој месец, а сега ги отвори за Италија.
Со новото олеснување на мерките, нема повеќе карантини за враќање од Белгија, Бугарија, Данска, Фарските Острови, Германија, Естонија, Финска, Франција, Грција, Исланд, Ирска, Италија, Хрватска, Латвија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Норвешка, Романија, Швајцарија, Кипар, Андора, Монако, Сан Марино и Ватикан.
Ограничувањата, т.е. двонеделен карантин или ПЦР тест, се применуваат при влез од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија, Косово, Албанија, Молдавија, Белорусија, Русија и Турција.
Предупредувањето за патувања постоји за уште 21 земја низ целиот свет. Во Европа важат за Велика Британија, Португалија, Русија, Шведска, Шпанија, потоа за Турција, Украина, Белорусија, како и за италијанскиот регион Ломбардија.
Надвор од Европа, австриските државјани се предупредуваат за патувања во Бразил, Еквадор, Индија, Индонезија, Иран, Мексико, Нигерија, Пакистан, Перу, Филипини, Сенегал, Јужна Африка и САД.
Ново на Сител
-

Четири лица лишени од слобода, вкупно седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Гаши: Да се разјасни случајот со постапувањето кон пратениците на граничниот премин Ќафасан
-

Авионско прскање против комарци утре во Скопје
-

Хита: Полицијата пронашла законски пречки за едно лице на „Ќафасан", останатите што го придружувале сами одлучиле да не го продолжат патувањето
-

Малолетник се здобил со тешки повреди возејќи тротинет во Гостивар
-

Животните во ЗОО паркот во Штип имаат дополнителна грижа и исхрана на летните температури
-

Земјотрес во Македонија – епицентарот кај Велес
-

Тешка сообраќајка кај село Робово - жена загина откако се судрила со камион
