Австрија бара од Грција да го запре слободното преминување на бегалците кон север

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц ја повика Грција да престане на бегалците, кои пристигнуваат на нејзина територија, да им дава дозвола да го продолжуваат патот кон Северна Европа, туку да ги згрижи во т.н. „критични точки“, јавија грчки медиуми.
- Должни сме да ставиме крај на политиката на Грција, која се сведува на слободен премин на бегалците кон Север, изјави Курц во интервју за германскиот весник „Зидојче цајтунг“.
- Невозможно е оние, кои успеаваат да стигнат до Грција да добиваат одобрение да го продолжат својот пат понатаму, додаде тој.
Тој додаде дека се прават напори Грција, со помош на Европската унија да формира „критични точки“, на кои на лице место ќе преземат мерки за згрижување на тие луѓе.
Курц смета дека отворањето на европските граници во септември минатата година по заедничката одлука на Австрија и Германија било „голема грешка“, која треба мошне брзо да биде исправена.
Ново на Сител
-

Во угостителски објекти во Тетово пронајдени дрога и ладно оружје
-

Приведена жена во Гевгелија, од вработена во болницата украла телефон
-

Реставрирани уште две скапоцени дела од Бигорската ризница
-

По случувањата во Гостивар, министерот Клековски во посета на Општата болница
-

Повеќе од 100 куќи уништени во пожар во Норвешка
-

Иранската војска соопшти дека нападнала база за американски дронови и главен центар за ВИ во Бахреин
-

СП 2026: Франција и Англија ќе играат за третото место
-

Трамп: Канада е одговорна за пожарите кои им нанесуваат штета на САД, ќе им наплатиме преку царини
