Австралиските власти ќе градат затвор за изолирање екстремисти

Австралиските власти ќе го изградат првиот затвор каде ќе бидат изолирани екстремисти со цел спречување радикализација во затворите како дел од мерките против тероризмот. Тоа го изјави премиерката на државата Нов Јужен велс Гладис Беренџиклијан.
Изолирањето ќе биде во рамки на строго чуван затвор во специјално крило со капацитет од 54 затвореници кои ќе бидат под силно полициско обезбедување.
– Во следните три години ќе потрошиме 47 милиони долари за изградба на дополнителен капацитет за изолирање на такви затвореници за кои се смета дека е многу веројатно да се обидат да шират радикализација во затворите, изјави таа на прес конференција.
Во затвори во Нов Јужен Велс има 33 луѓе кои се осудени за тероризам.
Во четвртокот полицијата во таа австралиска држава доби овластувања да пука во осомничени лица за терористички напади дури и ако напаѓачот не претставува непосредна закана.
Ново на Сител
-

Евтината струја преку ден останува како досега од 13 до 15 часот, ако се продолжи ќе се скрати ноќната
-

Тема на денот со Адем Чучуљ, претседател на ДКСК
-

Пакетот законски измени неопходни за Safe City испратени до Собранието
-

СДСМ со антикорупциски тим на партијата ќе ги открива скандалите на ВМРО- ДПМНЕ
-

Груевски и Заев се скараа преку социјалните мрежи
-

Избори на пролет или во 2028-ма?
-

Радев: Впишувањето на Бугарите во Уставот на Македонија ќе го забрза нејзиниот пат кон ЕУ
-

Раст на економијата од 3,8% во 3 квартал регистрира статистиката
