Австралиските власти ја пронајдоа радиоактивната капсула
Австралиските власти денеска ка пронајдоа радиоактивната капсула што минатата недела при транспорт беше загубена во Западна Австралија, соопшти државниот министер за вонредни ситуации.
Британските медиуми пренесуваат дека точно една недела траеше потрагата по капсулата, што испаднала од камион на патот долг 1.400 километри низ Западна Австралија меѓу градовите Њуман и Перт.
Камионот со капсулата пристигна во складиштето во Перт на 16 јануари, а службите за итни случаи биле известени за исчезнатата капсула дури на 25 јануари.
Властите се сомневаат дека вибрациите од камионот предизвикале олабавување на завртката и навоите, по што капсулата испаднала од пакетот, а потоа и од камионот.
Јадрото на капсулата содржело мало количество радиоактивен цезиум-137, што, доколку се допре, може да предизвика сериозни болести.
Капсулата е со димензии осум милиметри на шест милиметри.
Цезиум-137 е радиоактивен изотоп на цезиумот со период на полураспаѓање до 30 години.
До негово ослободување доаѓа во случај на употреба на нуклеарно оружје, како и во случаи на несреќи во нуклеарни централи, поради што претставува голем ризик за животната средина.
Компанијата „Рио Тинто“ пред три дена се извини за загубата на капсулата.
Ново на Сител
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница
-
Британски борбен авион Ф-35 изврши принудно слетување во Јапонија
-
Армијата и Министерството за одбрана им оддадe почит на загинатите припадници кај Љуботенски бачила
-
Приведени четири возачи за возење под дејство на алкохол
-
Нешто помалку од 1.600 хектари изгореле во пожарот во близина на Атина