Австралиските власти ја пронајдоа радиоактивната капсула
Австралиските власти денеска ка пронајдоа радиоактивната капсула што минатата недела при транспорт беше загубена во Западна Австралија, соопшти државниот министер за вонредни ситуации.
Британските медиуми пренесуваат дека точно една недела траеше потрагата по капсулата, што испаднала од камион на патот долг 1.400 километри низ Западна Австралија меѓу градовите Њуман и Перт.
Камионот со капсулата пристигна во складиштето во Перт на 16 јануари, а службите за итни случаи биле известени за исчезнатата капсула дури на 25 јануари.
Властите се сомневаат дека вибрациите од камионот предизвикале олабавување на завртката и навоите, по што капсулата испаднала од пакетот, а потоа и од камионот.
Јадрото на капсулата содржело мало количество радиоактивен цезиум-137, што, доколку се допре, може да предизвика сериозни болести.
Капсулата е со димензии осум милиметри на шест милиметри.
Цезиум-137 е радиоактивен изотоп на цезиумот со период на полураспаѓање до 30 години.
До негово ослободување доаѓа во случај на употреба на нуклеарно оружје, како и во случаи на несреќи во нуклеарни централи, поради што претставува голем ризик за животната средина.
Компанијата „Рио Тинто“ пред три дена се извини за загубата на капсулата.
Ново на Сител
-
Полицијата вчера во Скопје казни 215 возачи - поголемиот дел од нив возеле пребрзо
-
25-годишна девојка загина во сообраќајка на патот Битола - Кичево
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Спасовски сузбива диви продавачи на марули, а криминалци не се дел од мерките на полицијата?
-
СДСМ: Го штитиме стандардот на граѓаните, замрзнати цените на јајцата и оризот
-
Руската морнарица „одбила“ напад со беспилотни летала врз пристаниште на Крим
-
Републикански конгресмени го повикаа Бајден да испрати касетни бомби во Украина
-
ММФ одобри план за помош на Украина од 15,6 милијарди долари
-
ВМРО-ДПМНЕ: Фамилијата Груби во џеб става народни пари