-->
-->
Австралиската полиција пронајде 139 килограми кокаин скриени во луксузни автобуси
-->
Две лица се уапсени во Аделаида откако полицијата пронашла 139 килограми кокаин скриени во луксузни автобуси, јави ДПА, повикувајќи се на соопштение на австралиската федерална полиција.
Дрогата била откриена кон крајот на минатиот месец во четири луксузни автобуси, дел од меѓународна пратка до Аделаида.
Двајца мажи, на возраст од 22 и 19 години, упаднале во автобусите откако пристигнале во Аделаида и го зеле пакетот.
Уличната вредност на дрогата се проценува на 45 милиони австралиски долари (29,2 милиони американски долари), соопшти полицијата.
Лицата се товарат за обид за поседување кокаин во комерцијална количина. Доколку добијат максимална казна, ризикуваат доживотен затвор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Загина 52-годишно лице откако со мотоцикл удрил во паркирано возило
-
Турчин пронајден мртов во хотел на Бит Пазар
-
Неготинец тешко повреден при пад од мопед
-
Приведени кавадарчани за непочитување полициски наредби на фудбалски натпревар
-
Трамп: Путин и Зеленски ќе организираат состанок за прекин на огнот во Украина
-
Орбан: Светот е побезбедно место по самитот Трамп-Путин
-
Приведен кумановец, возел со 3,43 промили алкохол во крвта
-
Од утре попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи