Австралиската држава Квинсленд предупреди на можноста за „заклучување“
Третата најнаселена австралиска држава, Квинсленд предупреди дека може да нареди итно затворање (локдаун) поради зголемувањето на бројот на случаи заразени со Ковид-19.
Државата Квинсленд, во која живеат повеќе од пет милиони луѓе, објави дека е регистрирано рекордно дневно зголемување на бројот на заразени, пет нови инфекции во последните 24 часа, откако едно семејство од Бризбејн, главниот град на државата, е позитивно на коронавирусот.
Властите соопштија дека следните денови ќе бидат критични и останува да се види дали затворањето е оправдано.
– Ако видиме ширење на заразата, можеби ќе треба да преземеме многу брза акција. Но, во моментов тоа е кај едно семејство, рече премиерката Анастасија Палашчук.
Австралиска држава Нов Јужен Велс, пак, во моментов е под блокада, во градовите Сиднеј, Мелбурн и Канбера.
Нов Јужен Велс, кој беше под строг „налог за престој дома“ речиси три месеци, пријави 1.599 новозаразени, додека властите во соседна Викторија регистрираа 450 заразени, најголем еднодневен пораст на случаи во повеќе од година.
Австралија регистрираше најмалку 2.054 новозаразени, што е зголемување во споредба со „рекордот“ претходниот ден кога имаше 1.903 случаи во целата земја.
Досега има вкупно 73.000 заразени и 1.084 починати.
Ново на Сител
-
Кардиналите во Ватикан разговараа за голем број прашања, вклучувајќи ја и сексуалната злоупотреба во црквата
-
Мерц најави дека ќе го повика Трамп сите царини да ги сведе на нула
-
Санчез: Не може дефинитивно да се потврди поради што е прекинот на електричната енергија на Иберискиот Полуостров
-
ЈО: Ги повикуваме семејствата на настраданите во пожарот во Кочани на средба со обвинителите кои работат на случајот
-
Загина 75-годишен возач во сообраќајка во Чаир
-
Престижните универзитети во САД создаваат обединет фронт против Трамп
-
Путин прогласи еднострано тридневно примирје во Украина од 8 до 10 мај
-
Кривични пријави против поранешни вработени во МВР, го оштетиле буџетот на министерството за 3.314.870 денари