Австралијците оптимисти дека забавува ширењето на вирусот
Неколку австралиски здравствени функционери денеска изјавија дека се „претпазливо оптимистични“ кога станува збор за забавување на ширењето на коронавирусот во земјата, но предупредија дека ограничувањата за социјална дистанца со месеци ќе останат во сила.
Бројот на потврдени случаи на коронавирусот во изминатите 24 часа се зголеми за 181, што значи дека вкупно 5.635 лица се разболеле, додека вкупно 34 починале, соопшти Министерството за здравство.
Ова укажува на тоа дека дневната стапка на заразени е под пет проценти, а директорот за здравствена заштита на Нов Јужен Велс, Џереми Меканулти вели дека постои надеж дека кривата почнала да се израмнува.
Сепак, министерот за здравство Грег Хант предупреди дека и покрај добрите знаци, Австралијците сепак треба да држат растојание од другите луѓе во наредните шест месеци.
– Ова е тежок шестмесечен период што треба да го поминеме, изјави Хант за „Скај њуз“ во Австралија.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите