Австралија ја зајакнува безбедноста со ново „суперминистерство“

Австралија ќе создаде ново „суперминистерство“, под чие раководство ќе бидат сите служби за внатрешна безбедност, изјави денеска австралискиот премиер Малколм Турнбул.
Новото Министерство за внатрешни работи ќе управува со службата за внатрешно разузнавање, федералната и пограничната полиција, финансиското разузнавње, имиграциската служба и со другите сектори од областа на безбедноста.
Турнбул изјави дека тоа е најважната реформа во структурата на внатрешната безбедност и националното разузнавање на Австралија во изминатите 40 години.
- Ние имаме потреба од таа реформа не бидејќи системот е нарушен, туку затоа што нашата земја во областа на безбедноста се развива брзо. Кога станува збор за безбедноста на земјата треба да ги претекнеме заканите против нас, изјави австралискиот премиер пред новинарите во Канбера.
Според него, новото „суперминистерство“ ќе наликува на британското Министерство за внатрешни работи, следејќи модел според кој службите за безбедност и пограничните служби се поставени под заедничко раководство.
Австралискиот премиер смета дека централизираниот модел ќе обезбеди поголема координација меѓу националните служби за безбедност.
Новото министерство ќе биде предводено од министерот за имиграција и заштита на границите Питер Датон.
Реформата, која Турнбул очекува да биде завршена до јули 2018 година се презема во момент, кога Австралија го менува својот пристап кон борбата против тероризмот по серијата напади и поради зајакнатиот страв од напади на борци, кои се родиле во земјата, а кои се враќаат, откако учествувале во конфликти на Блискиот Исток.
Ново на Сител
-

Топол бран до средината на следната недела
-

Ким надгледуваше тестирање на оружје
-

Уапсен кочанчанец - возел без возачка дозвола и при преглед на возилото пронајдена е брендирана роба
-

Се зголемува бројот на жртви од земјотресите во Венецуела
-

Мицкоски: Зад провокациите станува збор за организирана бугарска пропаганда во нашата држава
-

СП 2026: Еквадор ја совлада Германија
-

СП 2026: Холандија со победа над Тунис го потврди првото место во групата
-

Најмалку 188 жртви од двата земјотреса во Венецуела, над 40.000 лица се исчезнати
