Австралија ја повика Европа да ја нападне ИД

Шефицата на австралиската дипломатија Џули Бишоп изјави дека поголем број европски држави треба да се вклучат во воздушните напади врз Исламска држава во Ирак и во Сирија, за да се надмине бегалската криза.
Таа во интервју за австралискиот весник „Острелијан“ истакна дека европските држави можат да дејствуват за прекин на бегалската криза со глобални размери, ако ги бомбардираат терористите од ИД, кои уништуваат цели држави и предизвикуваат раселување на огромен број луѓе.
- Соседите на Ирак и на Сирија, како Либан, Јордан и другите земји го преземаат товарот на милиони луѓе, кои ги преминуваат нивните граници на пат кон Европа. Затоа сметам дека Европејците треба да се вклучат во коалицијата, која изведува воздушни напади во Сирија и во Ирак, потенцира Бишоп додавајќи оти властите во Дамаск и во Багдад немаат никаква власт врз териториите заземени од ИД.
Австралиската Влада во текот на неделата ќе го разгледуваат барањето на САД за вклучување во антитерористичката коалиција и во Ирак.
Австралија сега учествува во военовоздухопловните сили на коалицијата со шест авиони ловци, со транспортни авиони, авиони танкери и со 200 инструктори во Ирак.
Во коалицијата против ИД во Ирак учествуваат над 20 држави, меѓу кои Австралија, Белгија, Велика Британија, Данска, Италија, Јордан, Канада, Катар, Мароко, Обединети Арапски емирати, Саудиска Аеабија, Турција, Франција, Холандија.
Ново на Сител
-

Во Женева заврши првиот ден од преговорите меѓу Русија, САД и Украина
-

Тројца загинати во експлозија во зграда на руската воена полиција
-

Зеленски: Досега од Русија се вратени 2.000 украински деца
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево
-

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026
-

Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми
-

Врнежи од снег со послаб интензитет на Пониква, магла до 150 метри на Пресека
-

Судот го одби барањето за укинување на притворот на обвинетите Васев и Нухи во „Онкологија 2“
