АВМУ го осуди насилниот упад во Инфомакс

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува вчерашниот насилен упад во редакцијата на интернет порталот Инфомакс, извршен од непознато лице за време на емитување на подкастот „Тешки муабети“.
Агенцијата потсетува дека ваквите постапки претставуваат директен напад врз слободата на медиумите и правото на новинарите да ја извршуваат својата работа без притисоци и закани. Насилството врз медиумските работници и упадите во редакции се апсолутно неприфатливи и бараат итна и соодветна реакција од надлежните органи, поради што очекуваме во најкус можен рок да бидат преземени соодветни мерки за целосно расветлување на случајот.
Обезбедувањето безбедна и стабилна работна средина за новинарите и медиумските работници претставува суштински предуслов за слободата на изразување и правото на информирање и сите релевантни институции треба да се вложат максимални напори вакви и слични инциденти да бидат спречени во иднина.
АГЕНЦИЈА ЗА АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ
Ново на Сител
-

Менаџерот ја има клучната улога во угостителскиот сектор
-

Во недостиг на ученици започна борбата кај средните училишта кој да запише повеќе ученици
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
