Македонија
24. August 2017 - 17:15

АВМУ го осуди нападот на новинарската екипа на порталот Нова ТВ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) го осудува вчерашниот напад врз екипата на порталот Нова ТВ кој, како штос е наведува, се случил во општина Аеродром, за време на покривање настан на граѓанска иницијатива за собирање потписи против изградба на бегалски кампови.

- Агенцијата веќе неколкупати досега реагираше дека насилството врз новинарите е неприфатливо и уште еднаш потсетува дека е неопходно да се обезбедат услови за непречено работење на медиумите. Агенцијата апелира да се почитува достоинството на новинарската професија и да не се попречуваат медиумските работници во извршувањето на нивната професионална задача, се вели во соопштението од АВМУ.