Македонија
16. August 2024 - 9:23

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци и утре во Скопје

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје, ќе се реализира в петок и сабота и утре во раните утрински часови. Информацијата е објавена на веб-страницата на Град Скопје.

– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, пишува на веб-страницата.

Се советува пчеларите навреме да преземат мерки за заштита на пчелите.

Ново на Сител