Авионот „Солар импулс 2“ слета во Њујорк
Експерименталниот авион на соларен погон „Солар импулс 2“ денеска слета во Њујорк, во последната фаза од својот пат околу светот.
Авионот од швајцарско производство прелета над Статуата на слободата и влезе во градот пред да слета изутринава на њујоршкиот меѓународен аеродром „Џон Ф. Кенеди“.
„Солар импулс 2“, кој има за цел да промовира чиста енергетска технологија, доцна синоќа полета од аеродромот во Пенсилванија.
Според првичниот план, експерименталното летало требало кон „Големото јаболко“ да тргне в понеделник, но поради поројните дождови и бурата со грмотевици во оваа област морало да остане приземјено.
Во рекордниот обид да го обиколи светот без ниту една капка гориво, авионот на соларен погон тргна на своето прво патување во март од Абу Даби, а во текот на летот ги посетуваше Оман, Мјанмар, Кина и Јапонија.
Ново на Сител
-
Кикбоксерите со две бронзи од Европското првенство во Италија
-
Пожар во Козле, изгореа куќа и помошна просторија
-
Седница на Советот на Град Скопје за проблемот со јавниот превоз не е закажана, ЈСП има нафта доволна за денеска
-
Активни три, под контрола четири пожари
-
Американската влада ја прогласи Антифа за „домашна терористичка организација“
-
Премиерот Мицкоски во посета на Штип
-
Франција лидер по број на освојувачи на „Златната топка“
-
Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН