Авионот со македонските државјани полета од аеродромот во Тел Авив
Со мало задоцнување полетаа патниците од аеродромот Бен Гурион во Тел Авив кои се пријавија на повикот за евакуација и репатријација во Северна Македонија, велат од МНР за МИА.
Се очекува тие да пристигнат на Меѓународниот аеродром во Скопје околу 15.15 часот.

Владата организираше бесплатен авионски превоз за граѓаните кои побараа помош и евакуација од Израел. Во услови на целосно откажани летови и блокиран авио транспорт со Израел, предизвикот за организирање на овој чартер лет е надминат преку соработка со „Air Serbia“ за транспорт на граѓаните кои побарале помош, соопшти вчера Владата посочувајќи дека трошоците за летот ќе бидат покриени од Буџетот.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера на прес-конференција информира дека од Израел досега се вратени 60 македонски државјани, од вкупно 150 кои побарале помош.
Ново на Сител
-

Јаневска: Студентите овој месец ќе ги добијат средствата за студентски оброк
-

Трет ден расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
-

Поскапуваат бензините и дизелот
-

Од 24.000 на 34.000 денари поскапува полагањето за возачка дозвола од Б категорија
-

Кремљ се надева на уште една средба Путин - Трамп
-

И го искршил черепот, ја исекол на делови и трупот го закопал во двор, детали за убиството во Штип
-

Германија ќе ги укине ограничувањата за оружје за Израел додека примирјето се одржува
-

Тепачка помеѓу навивачи по кошаркарски натпревар во Куманово
