Бизнис
3. August 2021 - 16:55

Авионите ќе бидат оспособени за еден месец, директорот на ДЗС одговорноста ја префрла на градоначалниците

Еден вработен на Дирекцијата за заштита и спасување  бил повреден и по медицинската интервенција е пуштен дома. Екипите на ДЗС на терен се од вчера попладне иако до тој момент ниту еден градоначалник од општините каде што гори немал поднесено барање за било каква помош. Сега,кога јавноста прашува зошто авионите не се во функција, Максути вели секој пожар не се гаси со авион.

Авионите не се во функција заради законските постапки. Според плановите, сервисирањето требало да заврши до средината на јуни. Но жалбените постапки на јавната набавка ја одоговлекле постапката. Сега се преговара со фирми за што побрзо да почне севрвисирањето на еден од трите ер трактори.

Максути вели дека во овој момент  не е важно кој е крив, сега е важно пожарите да се изгасат. Потоа може да се разговара и за тоа од каде почнува одговорноста како и за подобрување на регулативата која сега ги кочи процесите.