Свет
12. March 2018 - 11:24

Авион се запали при слетување на аеродромот во Катманду

Авион на кoмпанијата „ЈуЕС-Бангла Ерлајнс“ (US-Bangla Airlines) излета од пистата при слетување на меѓународниот аеродром во Катманду.

Авионот, кој долетувал од Дака, излетал од пистата и се запалил. Во тек е спасувачка операција за гаснење на леталото.

Според аеродромската управа во Катманду, авионот не успеал да слета на пистата и се урнал на фудбалски терен во близина на аеродромот.

Се уште нема детали за бројот на патници во авионот и каква е нивната судбина.